Во периодот од 19–24 јули 2016 г. во Кавадарци по четврти пат се одржа хумнанитарниот проект ПОДАЈ РАКА. На овогодишниот проект присуствуваа повеќе од 30 млади од различни градови од нашата земја,
сè со цел да ја споделат својата подготвеност да им помогнат на граѓаните и да ја зацврстат својата врска со Бога како преку активностите така и преку семинарот за млади што го одржа проповедникот Желимир
Станиќ од БИХ. Секое утро во црквата во Кавадарци денот започнуваше со утринско богослужение, кратка духовна порака и неколку доховни песни, и распределба на активностите за тековниот ден.

Освен духовните пораки, на семинарот акцент беше ставен на меѓусебното дружење и запознавање на младите.
Во однос на активностите, оваа година младите на посебен начин ја покажаа својата креативност правејќи позитивни пораки и приврзоци со стихови од Библијата кои ги делеа заедно со шише вода, со цел граѓаните да ја угасат својата жед но и да примат позитивна мисла и библиски стих за тој ден.

Исто така, беапоставени и здравствени штандови во центарот на градот, кои имаа за цел да ја подигнат свеста кај граѓаните за здравата исхрана преку практичните совети кои беа дадени од страна на нашиот медицински тим.

И оваа година не беа заборавени и сиромашните семејства кои покрај пакетите со храна имаа можност да добијат намештај кои беше наменски дониран. Тимот на здружението на ѓрагани Вистински Дела на Љубезност заедно со волонтерите на Подај Рака ги посетија социјално загрозените семејства и им беше поделена храна, бела техника и мебел.

Мисионските штандови беа составен дел на овогодишниот проект на кои се продадоа и поделија многу книги и трактати.
Во саботата црквата во Кавадарци беше полна за време на претпладневното
богослужение,на кое што беа презентирани активностите кое беа реализирани во текот на изминатата недела од страна на волонтерите на Подај Рака. Исто така братот Желимир Станиќ на присутните им упати важна духовна порака за времето во кое живееме. По службата и заедничкиот ручек, младите
се упатија во градскиот парк каде се дружеја и го славеа Бога со песни.

Во неделата традиционално беше одржан излет кај „дванаесет другари“, каде братот Зоран Велески од Италија одржа семинар за младите.

Им благодариме на сите што се вклучија во реализирањето на овај проект