Во периодот од 27 јуни до 3 јули 2017 во Кавадарци по петти пат се одржа еден од најголемите христијански хуманитарни проекти во рамките на Христијанската Адвентистичка црква. На проектот под мотото „ПОДАЈ РАКА!“ и оваа година, како и сите други претходно, се собравме заедно волонтери од цела Македонија за да им помогнеме на нашите сограѓани во Кавадарци, а притоа имавме и семинар којшто придонесе за духовно издигнување на младите волонтери.

 

Учесници

На овој настан активно учество зедоа околу 40-тина млади волонтери од цела Македонија, кои активно работеа и придонесоа и по петти пат успешно да се оствари проектот Подај рака.

 

Активности

Во Рамките на настанот „ПОДАЈ РАКА!“ беа опфатени бројни активности кои беа извршувани во текот на денот, од страна на учесниците кои беа поделени на неколку групи. Дел од тие активности беа следниве:

  • Здравствен штанд– на овој штанд граѓаните имаа можност да им биде измерен крвниот притисок, шеќерот во крвта а воедно и да добијат медицински совет од доктор за тоа како да надминат одредени здравствени проблеми и да го зголемат квалитетот на животот. Исто така, на овој штанд можеше и да се најде литература за здрав начин на живот, рецепти за подготовка на здрава храна и совети за одвикнување од одредени лоши навики.
  • Промотери(колпортери) на духовна и здравствена литература – беа поставени штандови со литература во центарот на градот, а дел од волонтерите одеа низ градот по деловни објекти и продаваа здравствена и духовна литература. Овие групи продадоа 100 книги за 5 дена.
  • Помош на социјално загрозени семејства – во соработка со Вистински Дела на Љубезност, беа помогнати 47 социјално загрозени семејства од Кавадарци. Пред отпочнувањето на Подај Рака, овие семејства беа посетени од страна на волонтери на Вистински Дела на Љубезност при што се утврдија нивните потреби од храна, облека, мебел, бела техника и останато, па потоа преку донации се собраа потребните нешта и за време на акцијата Подај Рака беа доставени до домовите на овие семејства.
  • Креативна работилница – во оваа активност 3 дена рачно беа изработувани маркери со библиски стих, за потоа, во четвртиот ден, да се поделат на нашите сограѓани заедно со шише студена вода. Беа изработени прекрасни примери на маркери, а нивната вкупна бројка изнесуваше околу 300.

Во рамките на „ПОДАЈ РАКА!“ беше одржан и семинар за учесниците под мотото „Како да живееме среќно и задоволно“. Овој семинар го одржа пасторот Владо Хавран од Белград и на него учесниците имаа можност да научат како да бидат вистински пријатели, вистински да сакаат и како заедно, здружени подобро да му служат на Бога.

Во саботата имавме заедничко свечено богослужение на кое имавме гости од цела Македонија. На ова богослужение волонтерите од Подај Рака ги изнесоа искуствата кои ги стекнаа за време на активностите во кои учествуваа. Исто така за време на претпладневното богослужение завет со Бога по пат на библиско крштевање сторија три нови сестри (од Пробиштип и од Скопје).

Му благодариме на Бога за водството, а и на сите кои учестуваа со своите молитви, финанскиски средства и одвоено време за да имаме уште една успешна Подај Раака.

 

Се гледаме во 2018!