Во периодот од 25 јуни до 01 јули 2018 во Кавадарци по шести пат се одржа еден од најголемите христијански хуманитарни проекти во рамките на Христијанската Адвентистичка црква. На проектот под мотото „ПОДАЈ РАКА“ и оваа година, како и сите други претходно, се собравме заедно, волонтери од цела Македонија за да им помогнеме на нашите сограѓани во Кавадарци, да придонесеме за разубавување на нашиот град, а пред се да го прославиме Бога секој со своите дарови и способности, а притоа имавме и семинар којшто придонесе за духовно издигнување на младите волонтери.

Учесници

На овој настан активно учество зедоа околу 70-тина млади волонтери од цела Македонија, кои активно работеа и придонесоа за уште една успешна ПОДАЈ РАКА. Овогодинешната Подај Рака беше наjпосетена до сега, а волонтерите доаѓаа од од Македонија, Бугарија и Србија.

Активности

Во рамките на настанот „ПОДАЈ РАКА!“ беа опфатени повеќе активности кои беа извршувани во текот на денот, од страна на учесниците кои беа поделени на неколку групи. Во продолжение погледнете кои активности беа извршувани во текот на овогодинешната Подај Рака.

  • Промотери (колпортери) на духовна и здравствена литература – беа поставени штандови со литература во центарот на градот, а дел од волонтерите продаваат и делеа духовна и здравствена литература по улиците на градот. Волонтерите и оваа година со задоволство учествуваа во оваа активност, па и покрај врнежливото време со кое се соочивме годинава во текот на целиот настан беа продадени 96 книги и беа поделени поголем број на бесплатни книги и трактати.
  • Помош на социјално загрозени семејства – во соработка со хуманитарното здружение “ВИСТИНСКИ ДЕЛА НА ЉУБЕЗНОСТ”, беа посетени околу  60 социјално загрозени семејства од Кавадарци,Неготино и околината. Пред отпочнувањето на Подај Рака, овие семејства беа посетени од страна на волонтери на Вистински Дела на Љубезност при што се утврдија нивните потреби од храна, облека, мебел, бела техника и останато. Потоа следуваше собирање на донации за посетените семејства, а за време на акцијата Подај Рака, Вистински Дела на Љубезност заедно со волонтери од  Подај Рака им ги достави донациите на семејствата на кои им беа потребни.
  • Креативна работилница – во оваа активност волонтерите изработија 400 бележници за книги на кои беше напишан библиски стих, украсија 400 книги со насловот „Утре почнува денес“ и на околу 350 шишиња им беа ставени налепници со логото на Подај Рака, и линк од веб страната на Благодат и Вистина кои им беа поделени на нашите сограѓани во текот на одвивањето на проектот.
  • Семинар – Во рамките на „ПОДАЈ РАКА“ беше одржан  семинар којшто придонесе за духовно издигнување на младите волонтери а беше под мотото „Неверојатна љубов“. Овој семинар го одржа говорникот Божидар Михајловиќ од Босна и Херцеговина и на него учесниците имаа можност да сознаат нешто повеќе за чудесната Божја љубов.
  • Хуманитарен концерт – На 30 јули, на градскиот плоштад во Кавадарци беше одржан хуманитарен концерт со духовна музика, на кој учество земаа музичка група од Бугарија, и музичка група од Македонија. Средствата собрани од хуманитарниот концерт и беа донирани на малата Ивана Алексова која боледува од церебрална парализа.
  • Општествено корисна работа – Пред почетокот на Подај Рака во соработка со општина Кавадарци беа разгледани повеќе паркови низ градот и беше донесена одлука кои детски паркови ќе се фарбаат за време на проектот. Во текот на Подај Рака 2018  беа исфарбани детските реквизити, клупите и корпите за ѓубре во 6 градски пракчиња, со што паркчињата добија нов изглед, а граѓаните добија обновени паркови во кои може да поминуваат дел од своето време.

 

Во саботата имавме заедничко свечено богослужение на кое имавме гости од цела Македонија. На ова богослужение волонтерите од Подај Рака ги изнесоа искуствата кои ги стекнаа за време на активностите во кои учествуваа. Исто така за време на претпладневното богослужение завет со Бога по пат на библиско крштевање сторија две млади личности (од Прилеп и од Чифлик).

Му благодариме на Бога за водството, а и на сите кои учестуваа со своите молитви, финанскиски средства и одвоено време за да имаме уште една успешна Подај Рака.

 

Се гледаме на ПОДАЈ РАКА 2019